Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека ВМРО-ДПМНЕ започнува со собирање на помош за луѓето кои се справуваат со пожарите.
-УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗАПОЧНУВА СО СОБИРАЊЕ НА ПОМОШ ЗА ЛУЃЕТО КОИ СЕ СПРАВУВААТ СО ПОЖАРИТЕ!
Попладнево, во Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одвива акција за собирање на флаширана вода, леден чај и конзервирана храна, која ќе се подели во опожарените населени места, за луѓето кои целодневно се на првата борбена линија со оганот.
Секогаш кога било потребно, жените од ВМРО-ДПМНЕ на дело ја докажале својата хуманост и подготвеност да помогнат.
Секогаш и секаде сме со својот народ!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.