петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема

Пешевска: Услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема.

-Услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема. Секако, ќе се запрашате зошто? Ако се земе предвид, статистиката поврзана со пандемијата за последните седум дена ќе го видиме следното:
6416 – заболени од Ковид-19 на територија на Република Македонија од нив 202 се од Штип
108 – починати на територија на цела држава.
На една ваква состојба на бројки, дали вреди да го ризикуваме животот на граѓаните на Штип и Пласница? Се работи за мандат на градоначалници од 9 месеци до редовните локални избори. Дополнително ако се земе предвид мерките кој се на сила, носењето маска на отворено и забраната за групирање на над 4 лица на отворено, на кој начин ќе се овозможи фер и демократски избори а да не се загрози изборната кампања?
Апелирам до политичките партии од власта да се вразумат и да се постигне согласност за одложување на изборите со цел заштита на здравјето на граѓаните, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема. Секако, ќе се запрашате зошто? Ако се земе…

Posted by Жаклина Пешевска on Thursday, November 5, 2020

Најнови вести