недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Успешната приказна на Унија на жени започнува пред 25 години од Велес, ќе продолжиме со зајакнување на капацитетите

Пешевска: Успешната приказна на Унија на жени започнува пред 25 години од Велес, ќе продолжиме со зајакнување на капацитетите

Денеска сме овде во Велес каде што почнува успешната приказна на Унијата на жени пред точно 25 години. Настанот е на тема означување на 25 години успешна Унија на жени и основање токму во Велес, истакна Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе ги потенцираме заложбите на жената во секое поле, но и тенденцијата да бидат што повеќе вклучени во политиката, во местото каде што се носат одлуки, се креираат политики.

Ќе мотивираме уште повеќе жени.

Работиме како Унија на жени на зајакнување на капацитетите. Ќе продолжиме во таа насока.

И се надевам дека ќе имаме убав и успешен настан денес“ – реча таа.

Најнови вести