Згрозена сум од ова што го слушам и читам. Маж, кандидат за градоначалник да се дрзне да се заканува на една самохрана мајка дека ќе и го одземе детето, е врв на нечовечност, ароганција и дрскост, стои во Фејсбук објавата на Жаклина Пешевска.
Таа пишува дека унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој чин на закана кон една жена и додава дека бараат јавното обвинителство, полицијата и сите надлежни институции веднаш да реагираат.
– Бараме и од организациите за заштита на правата на жените во Република Македонија соодветна реакција и осуда на овој чин, пишува Пешевска.