сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Власта не се откажува од попис и во вака лоша епидемиолошка состојба тоа зборува дека пописот е прашање на политички договор

Пешевска: Власта не се откажува од попис и во вака лоша епидемиолошка состојба тоа зборува дека пописот е прашање на политички договор

За време на пандемијата власта не се грижи за граѓаните, за медицинските лица. Има вест повторно за почината докторка, први сме по број на заразени, на починати. Вакцинацијата против корина недозволиво доцни, рече Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисјата Филибастеринг на радио Лидер.

„Не го исполнивме ниту условот да се искористат и средствата од солидарниот фонд на ЕУ. Замислете не се потрошиле доволно средства за заштита на најизложените – медицинските лица, исто и за граѓаните, или од Буџет од 4 милијарди евра за борба против корона искористени се само 7 милиони евра“, рече Пешевска.

Според Пешевска, граѓаните во оваа корона криза се опљачкани, а сега кога сите земји граѓаните се вакцинираат, кај нас граѓаните не можат да видат вакцина.

Пешевска се осврна и на одржувањето на попис од кој власта не отстапува.

„Ние поднесовме суштински амнадмани на самиот Закон за попис, а сега поденсовме и закон за поништување на Законот за попис. И сега и самиот директор на Заводот за статистика вели само пандемијата моѓе да го спречи. На оваа епидемиолошка состојба власта не реагира што покажува дека пописот е политички договор. Нив не ги интересира здравјето. Лицата кои ќе бидат дел од пописот ќе бидат нов кластер, зарем ни треба сега нов кластер?!Во ваква ситуација не се одржува попис и сега развиените држави со развиени економии одложуваат попис“, рече Пешевска.

Најнови вести