Претставниците во Собранието и во Владата треба да внимаваат на работничката класа, бидејќи преку нас работниците се остваруваат сите благодати во оваа земја. Ние сме тука да покажеме колку бројни и колку сме сложни. Во име на солидарноста да им порачаме да го вреднуваат трудот на работникот и да има достоинствена работа за сите, истакна на протестниот марш пред македонскиот Парламент Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво при ССМ.
Рече дека работниците треба да имаат пристојни и повисоки плати, регрес за годишен одмор на сите, подобар општ колективен договор и во јавниот и во приватниот сектор, безбедни работни места. Бараме, додаде, да се стави крај на дискредитацијата и да се стави крај на мобингот и покачување на границата на старосната пензија.
– Сите наши барања ќе продолжиме да ги доставиме до Владата бидејќи патиштата се различни, но целта ни е една – Да живее работничката класа на Република Македонија и да ние е среќен Први Мај, рече Пешевски.
Пред Парламентот протестниот марш на Сојузот на синдикатите се приклучија ССНМ кои заедно продолжија кон Владата на Република Македонија.