Пет деца од градинка во Радишани се заразени со морбили.
Во моментов Комисијата за заразни заседава за настаната ситуација. Во очекување на одлуката од Комисијата министерот за здравство, Венко Филипче рече дека најверојатно градинката ќе биде затворена, а препораката до родителите на децата кои не се заразени ќе биде децата да останат дома.
Се очекува во текот на денот Комисијата да излезе со конечна одлука.