Како се силуваше Шарена револуција. Протестните движења тие години беа многу живи. Вечерта кога Џорџе потпишуваше аболиции граѓански бунт се излеа на улицата пред Канцеларијата на Џорџе. Спонтан, неорганизиран, ненарачан бунт. Следниот ден продолжи, а џандарскиот одговор беше тепање и приведување, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Симона Спировска учесник и еден од предводниците на Шарена револуција.
Протестите кои се случуваа тие денови прераснаа во Шарена револуција. До тука е убава приказната, вели таа во својата објава и продолжува:
„После почнавме да ѝ се наебуваме мајке. И тоа трае до ден денес. Сите ѝ ебавме мајке од различна страна. Едни ја посипуваат со пепел, ко самото движење да е виновно што имаме работа со глуперди, други пробуваат да профитираат дур уште се може, па макар била тоа и ФБ страна, третите ги спржија по партиските ходници, а четвртите… епа четврти се некои нови кои тогаш не беа. И така движењето што сакавме да трае го силуваат сите. И секогаш движењето е виновно, за сѐ. Вклучително и за силувањето“.