ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Л.В.(65) од с.Чалакли, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот, пред околу пет години, на земјоделска површина на место викано „Бабица“, со површина од 468 метри квадратни, сопственост на А.А. од с.Башибос, засадил овошни насади кои ги обработувал и одбивал да ги извади овошките за да го отстапи земјиштето на сопственикот.