Поранешниот заменик министер за образование, професорот Петар Атанасов во разговор за Фактор вели дека сосема се оправдани негативните реакции во јавноста во однос на најавената реформа од страна на МОН во основното образование.
Атанасов смета дека предлог концептот за промена на наставните планови и програми или не е добро осмислен или има огромни слабости, кое несомнено ќе придонесе огромни потешкотии во образовните институции кои ќе треба да го спроведат тоа.
-Според она што е презентирано во јавноста од страна на МОН е дека оваа реформа ќе трае 5-6 години и може да замисилите што сè може за тој период да се случи. За една ваква сериозна промена мора да има добра подготовка, да се има поддршка од стручната јавност. Во тој тим што е ангажиран, треба да има експерти од сите области, еве јас сум социолог, јас не сум сигурен дека во тимот имало социолог, ако немате социолог, го немате општествениот контекст, ако го немате општествениот контекст, тогаш не знаете кои културолошки вредности на децата во текот на образованието да им ги пренесете. Секоја држава има сопствена идеологија, сопствени вредности, ако го немате тој контекст, како тогаш толку лесно се излезе во јавноста со спојување на предмети кои немаат многу допирни точки. Ова значи дека не држат објаснувањата дека некој феноменален наставник точно ќе одреди што им е потребно во одредени дози на децата за да им предаде во исто време и општествена наука и хуманистичка наука и.т.н. Или да бидам многу поедноставен, МОН има обврска во подготовката на една ваква сериозна реформа да ги консултира сите: Катедрата за историја, МАНУ, Институтот за национална историја, па и социолозите, зошто ова е премногу сериозно, вели професорот Атанасов во разговорот за Фактор.
Повеќе прочитајте ТУКА