Поранешниот заменик-министер за образование и наука, од СДСМ, Петар Атанасов, си поднесе оставка и од партиската функција.
Тој се повлече од Владата, но и од Централниот одбор на СДСМ.
Останува на критиките на власта кои ги даде и при поднесувањето на оставка од втората највисока функција во Министерството за образование и наука.
Тој на социјалните мрежи пишува:
„За две години многу ефтино се потроши општествениот капитал за промени извојуван од многумина во битката против злото. Секоја утка на СДСМ многу скапо ја плаќаме“.