Петицијата што е во прилог на оваа објава е иницијатива за измена на чл.15 од Законот за градежно земјиште со која од постоечките 30% ќе се предвидат потребни 80% сопственост како услов за откупување на државно земјиште за дооформување на градежна парцела.
Тони Јаревски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Карпош ги повика граѓаните да ја потпишат петицијата.
Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:
„Потписниците се уверени дека со оваа измена ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос што сега се случува и ќе овозможи похумани услови за живеење, и заштита на животната средина!
Потписниците на петицијата најголемиот дел се граѓани коишто се длабоко разочарани и изманипулирани од актуелната власт, Тие не сакаат да слушаат ЌЕ, сакаат измена на законот сега и веднаш, пред изборите!
Како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, како координатор на нашата советничка група, но пред се како татко, сопруг, Македонец и жител на Карпош оваа петиција ја има мојата целосна поддршка.
Петицијата е on-line и очекувам дека СДС ќе смисли низа на административни и процедурално-правни пречки иницијативата за да не дојде на седница во Собрание.
Ние не сме СДС!
Ние тоа што го ветуваме го исполнуваме!
ВМРО-ДПМНЕ ги слуша потребите и проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ работи за нивно решавање и создавање на услови за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани на Македонија и кога е власт и кога е опозиција!
Затоа, ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија да ја разгледаат, поддржат петицијата и во најкус можен рок да поднесат предлог измена на Законот за градежно земјиште по скратена постапка согласно барањата во петицијата“.