На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска истакна дека говорот на премиерот Ковачевски бил мизерен, злобен и интелектуално лимитиран говор.
„Мизерен, злобен и интелектуално лимитиран говор после кој нема потреба да разгледуваме CV од предлог кандидатите бидејќи денес ни стана јасно дека секој со секакво образование може да раководи во секое министерство. Колегите од мнозинството не ја менуваат праксата да не се јавуваат за збор за ниту еден предлог како што не бекнаа за предлог кандидатите за Уставни судии така и сега не бекнуваат за предлозите ниту за тие што се разрешуваат ниту за тие што се именуваат“, рече Петкоска.
Петкоска посочи дека од 65 пратеници денес гласаат 62-ца и ова отсуство на дебата од колегите од мнозинството значи според премиерот дека немаат демократски капацитет и неговите според говорот на Ковачевски се убедени дека родната земја нема шанси за напредок.
„Видовме дека токму тој кој ги именува замениците министри нема аргументи зошто ги предлага, второ треба да избереме заменик министер за образование а образованието веќе го нема, треба да избереме заменик министер за здравство, а здравство немаме и треба да избереме заменик на министерот за правда а и правдата ја снема“, рече Петкоска.
Петкоска навистина не знае навистина што ќе се реконструира и каква полза ќе има народот од оваа реконструкција.