понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петков: Решив, Македонија и Албанија мора да бидат во ЕУ!

Петков: Решив, Македонија и Албанија мора да бидат во ЕУ!

Петков беше во Вашингтон каде што разговарал со државниот секретар на САД.

Стејт департментот објави дека по разговорот Блинкен „ја нагласил важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“.

Со нова доза оптимизам се засилија претпоставките дека сепак е можно до јуни Бугарија да го тргне ветото и да овозможи Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, по изјавите на премиерот на Бугарија Кирил Петков и на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Бугарите треба да сфатат дека НАТО не е во Бугарија, туку Бугарија е во НАТО. Решив дека иднината на Македонија и на Албанија мора да биде во ЕУ, тоа е добро за регионот. Ако поради тоа падне Владата, тоа не е моја одговорност. Не можам да бидам одговорен за ништо во тој случај, а секако дека со Македонија имаме уште многу отворени прашања – рече Петков во интервју за една романска телевизија во кое говореше за последните светски случувања, а се наврати и на блокадата на Македонија од страна на Бугарија.

Петков деновиве беше во посета на САД каде што разговарал со државниот секретар на САД. Стејт департментот објави дека по разговорот Блинкен „ја нагласил важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс соопшти дека двајцата лидери ја потврдиле заедничката визија за трансатлантските односи. Тие разговарале за партнерство со САД за енергетска диверзификација на Бугарија и регионот на Западен Балкан, за модернизација на бугарските вооружени сили, како и за стабилноста и развојот на Западен Балкан.

Македонската влада денеска соопшти дека земјава има поддршка од европските партнери, кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите и дека таа го продолжува дијалогот со Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение што ќе го крене ветото.

Владата го оцени предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон како одлична можност за поврзување на ЕУ со земјите како Украина, Молдавија и Грузија за да не се чека тие да ги исполнат критериумите да станат земји кандидатки и да влезат во преговори со ЕУ. Што се однесува до нашава земја, Владата порача дека ние ја имаме целосната поддршка за почнување преговори.

Идејата за Европска политичка заедница Макрон ја кажа во својот говор на 9 Мај – Денот на Европа. Оваа организација, според него, ќе ѝ овозможи на Украина и на други земји што не се во ЕУ да имаат поблиски односи со ЕУ, а тука тој ја спомена и Велика Британија, која излезе од блокот.

Најнови вести