недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петкова и Мицевски во изолација, но во четврток ќе присуствуваат за изгласување недоверба на Владата

Петкова и Мицевски во изолација, но во четврток ќе присуствуваат за изгласување недоверба на Владата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата.

Како што рече Мицевски за МИА, тој и Петкова ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата. (МИА)

Најнови вести