На денешната собраниска седница пратеничката Ангелинка Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати до нејзината колешка Марија Костадинова од СДСМ каде што и упати критики за неангажираноста околу исполнување на ветувањата за детска градинка, градски парк, базент и инфраструктура во општина Гевгелија.
-Колешка Костадинова еден од моите амандмани кој што беше поднесен се однесуваше на изградба на нова детска градинка во Гевгелија, затоа што едно од ветувањата на СДСМ во Гевгелија беше изградба на нова детска градинка. Тоа е голема неопходност затоа што се чека на ред децата да дојдат и да бидат згрижени во детска градинка. Покрај ветувањето за изградба на нова детска градинка имаше и премногу ветувања во вашата програма како изградба на нов градски парк на местото на стариот пазар, базент, и што ли уште не. Но ветувањата останаа само ветрувања, нагласи Петкова.
Петкова упати критики и за патот Прдејци-Смоквица кој според неа е премногу ризичен и пуштен во употреба без соодветно освелување, како и за доцнењето на вакцини против сезонски грип.
-Што се однесува до амандманот за проширување на патот Прдејци- Смоквица тој е премногу ризичен и неосветлен, пуштен е незавршен во употреба а ова го побараа жителите од вашето село од Миравци, од Давидово, Петрово,Смоквица. Велите дека обезбедувате сигурност, се прашувам како обезбедувате сигурност, кога до денешен ден нема вакцини за сезонски грип, а досега тоа требаше да биде завршено. Оваа вакцина претходните години голем број граѓани веќе јаимаа примено во месец октомври. Се прашувам како ќе се заштитат постарите лица а се наоѓаме во ек на пандемија, заклучи Петкова.