Неправдата и дискриминацијата на лицата над 65 години со тешка и најтешка телесна попреченост, конечно се заврши, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеничката Ангелинка Петркова од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на 13.12.2022 год. до Претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог на Закон за изменување на Законот за социјална заштита. Ова наше позитивно законско решение, на вчерашната седница на Комисијата за труд и социјална политика беше поддржано од сите членови и заменици членови на Комисијата, без разлика од која политичка партија доаѓаат односно и од власта и од опозизицијата. Имено, како резултат на овие измени на Законот за социјална заштита, услугата на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец ќе ја користат, покрај децата од 6 годишна возраст и лицата над 65 години со потешка и најтешка телесна попреченост, со комбинирани пречки во развојот и потполно слепите лица. Природно, стареењето ги намалува моторичките и кординациските способности кај сите луѓе, но кај лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица, овие промени се уште повеќе изразени после 65 – тата година. Поради тоа немаше никаква логика и оправданост тие да имаат право на личен асистент до 65 години старост, а да немаат право, по навршување на 65 години старост“, вели Петкова.
Таа додава дека оттука, заложбите на нас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се покажаа како оправдани со што конечно успеавме да ја тргнеме горната граница на возраст од 65 години, која беше утврдена во досегашниот Закон за социјална заштита донесен на 23.05.2019 година.
-На крајот, сакам да потенцирам дека оваа измена на досегашниот Закон всушност произлезе од долгогодишното барање на лицата кои имаат потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со оштетен вид кои ја надминале возраста од 65 години. На овој начин, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по којзнае кој пат покажа дека има слух и дека се бори за подобрување на условите за живот на сите граѓани подеднакво, истакна Петкова.