понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петкова: Поразително е што 90% од младата популација сака да ја напушти Македонија, а другите што си заминале не планираат да се вратат

Петкова: Поразително е што 90% од младата популација сака да ја напушти Македонија, а другите што си заминале не планираат да се вратат

Денес расправаме за предлог разрешување на членови на Владата на Република Македонија. Конкретно за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. Мојот говор ќе го започнам со едно обраќање на овој министер, министерот Чупи вели – „За да бидеме општество кое ќе се стреми да ги следи во чекор развиените европски земји треба да умееме соодветно да се соочуваме со пречките на патот кон прогресот и да се обидеме да ги решаваме актуелните проблеми со визија за долгорочни резултати“. Што е тоа што не и се допадна на Владата за Џемаил Чупи, што одлучија да го разрешат, а пред само една година истиот го фалеа, запраша Ангелинка Петкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Петкова додаде дека никој од власта не одговара на прашањата како што се, што направи ова министерство за дијаспората, дали младите се запознаени дека вакво министерство постои.

„Јасно е дека 90% од младата популација сака да ја напушти Република Македонија. А, голем дел што веќе се иселени немаат план и да се вратат во државата. Овие податоци не ги добиваме од министерството за дијаспора, туку од истражувањето од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Алармантната состојба со одлив на млади и образовани луѓе е сериозен проблем на кој мора да се работи во иднина“, нагласи Петкова.

Таа посочи дека не заминуваат само високообразованите граѓани, туку се одлеваат и кадри со средна стручна спрема кои исто се многу барани во западните земји.

Најнови вести