среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петкова: Со новиот заем од 20 милиони евра за проекти на ЕСМ се задолжуваат и осиромашуваат македонските граѓани, а се полнат џебовите на луѓе блиски или во власта

Петкова: Со новиот заем од 20 милиони евра за проекти на ЕСМ се задолжуваат и осиромашуваат македонските граѓани, а се полнат џебовите на луѓе блиски или во власта

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница на која се разгледуваше и Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кои треба да се случи помеѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, рече дека се во законот добро е кажано, но на граѓаните им е добро познато дека власта уште еднаш се трудат да ги задолжат и осиромашат македонските граѓани, а од друга страна да ги полнат нивните џебови.

„Се е убаво кажано во законот, но на граѓаните добро им е познато дека вие како валст, уште еднаш се трудите да го задолжите македонскиот народ, во повторен кредит кој, верувам дека веќе наменски, или е распределен помеѓу вас или веќе добро знаете каде и за што ќе го применувате заемот. Односно, да закрпите уште една дупка, отварате нова, многу поголема. Граѓаните знаат кон се што ги носат овие ваши нови и нови позајмици, кон ваше полнење на џебовите, нивно ново задолжување и осиромашување. Овој закон ни повеќе, ни помалку предвидува ЕСМ со државна гаранција да земе заем од 20 милиони евра од ЕБОР и грант од пет милиони евра за инсталација следниве фотоволтаици со капацитети 10 мегавати во фотонапонска електрана Осломеј и 20 мега вати во фотонапонска електрана Битола“, рече Петкова.
Таа посочи дека според законот целта на проектот е да и се помогне на земјата во постигнувањето на европските норми за емисии на стаклени гасови и еколошки цели за Македонија, што ќе придонесе за заштита на животната средина.

„Според законот целта на проектот е, да и се помогне на земјата во постигнување на европските норми за емисии на стакленички гасови и еколошките цели за заложби на Република Македонија. Се вели дека истиот ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани Осломеј 2 со моќност од 10 мега вати и фотонапонската електрана Битола со моќност од 20 мега вати, ќе се намали производството на електрична енергија од термо централите, со тоа што нема да има штетно влијание врз животната средина. Воедно имплементацијата на овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на АД ЕСМ Скопје за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноци за испуштање на стакленички гасови од термо електраните“, истакна Петкова.

Најнови вести