среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петковски: Ако од ДУИ имало коректен однос и кон Владата и кон Заев, човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер

Петковски: Ако од ДУИ имало коректен однос и кон Владата и кон Заев, човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер

Тито Петковски, претседател на НСДП и коалиционен партнер на Зоран Заев во гостувањето на централниот дневник на „1ТВ„ рече дека според него културата, здравството, образованието се најзначајни за една Влада ако сака да направи сериозни реформи.

Имено тој на прашањето дали СДСМ традиционално на секторот на образованието, на здравството гледа како на резервна гума, кажа дека тоа не е само карактеристика на СДСМ, туку тие се и оптоварени со чувството на изградба држава, а ги потценуваат оние кои се носечки сфери за реформи во општеството.

-Kога се говори за композиции во Владата мора да се има во вид фактот што мандатарот и Заев многу пати е доведен во ситуација надвор од својата волја да прифаќа кадри од партнер во владата кои не се по негова мерка. Ако од ДУИ имало коректен, чесен однос и кон Владата и кон Заев, оваков човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер, истакна Петковски во своето гостување.

Тој додаде дека за него е скандалозно тоашто да се брани со вакви аргументи да се брани дека тој е колективна меморија на ДУИ, не е добра препорака да биде министер.

Најнови вести