Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ и градоначалник на општина Карпош преку социјалната мрежа на Твитер реагира на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев и вели дека тезата дека Бугарите биле администратори и ослободители на Македонија е неточна
-Тезата дека Бугарите биле администратори и ослободители на Македонија е неточна. И тоа нема врска со бугарскиот народ. Вили Брант канцеларот на Германија кој доби Нобелова награда клекна на колена пред гетото во Варшава во знак на барање на прочка.Не проба да ја смени историјата, пишува во својата објава Петров.