петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевска до СДСМ: Срамота, велите дека ребалансот е оптимистички, а имаме суштинско кратење во делот за младите

Петрушевска до СДСМ: Срамота, велите дека ребалансот е оптимистички, а имаме суштинско кратење во делот за младите

Марија Петрушевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница посочи дека власта не носи храбри одлуки кои што ќе помогнат на граѓаните, ребалансот за жал не носи оптимизам ниту надеж дека нешто ќе се подобри.

„Мораме да признаеме дека власта ако во нешто е полоша од справување и менаџирање на здравствената криза тоа е економската криза. Претпоставувам дека се служевте со терминологија која што за голем дел од колегите тука не е блиска, но со намера граѓаните да не ја разберат суштината, а вие како власт да сокриете дел од неуспехот и она што не можете да го испорачате во ребалансот“, истакна Петрушевска.

Петрушевска го запраша владиното мнозинство како велат дека ќе има оптимистичко сценарио од ребалансот со толкав дефицит од 920 милиони евра.

„Споредбено со јавниот долг за 10 години што изнесуваше само 15%, ние за една година имаме 10%. Во истите тие десет години ние имавме две сериозни и европски должнички кризи. Како да кажеме дека сме оптимисти на младите дека нешто ќе се подобри, кога во ребалансот имаме суштинско кратење на во делот за младите. Овој ребаланс можеше да биде можност за да корегираме нешто што претходно беше испуштено, а тоа е да овозможиме на секое дете, на секој наш граѓанин да има компјутер и да може да се едуцира“, рече Петрушевска.

Петрушевска посочи дека можеше со ребалансот да се помогне на наставниот кадар кој што сега во моментов се соочува со големи проблеми поради онлајн предавање на учениците.

„Овој ребаланс не носи оптимизам, не носи надеж, потребно е тука храбра одлука и свесност. А, тоа треба да го кажеме, а не да излегуваме на говорница и да се служиме со терминологија за да ја сокриеме реалноста“, нагласи Петрушевска.

Најнови вести