сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевска од расправата за разрешувањето на Фадил Зендели: Власта има цел, Комисијата да ја претвори во инструмент за партизација на државните институции

Петрушевска од расправата за разрешувањето на Фадил Зендели: Власта има цел, Комисијата да ја претвори во инструмент за партизација на државните институции

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска денеска од собраниската говорница, говорејќи за разрешувањето на пратеникот Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања истакна дека овој скап театар од страна на парламентарното мнозинство има само една и единствена цел, а тоа продолжување со партизација на државните институции ширум земјата.

-Овој театар во собранието од страна на власта е само со една цел, а тоа е воведување целосно едноумие во комисијата, послушни пратеници од страна на парламентарното мнозинство, зајакнување на машинеријата се со цел Комисијата да се претвори во инструмент со кој што власта ќе може да ја продолжи партизацијата на државните институции во Македонија, рече Петрушевска која додаде:

-Партизација на Уставниот суд впрочем, значи директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија, и затоа и со право ние сме оценети многу лошо кога станува збор за владеење на правото, за демократијата, за борба против корупцијата а тоа го покажуваат и бројните извештаи, истакнаа таа.

Петрушевска додаде поради ваквите однесувања на парламентарното мнозинство, работата на Собранието е оценета многу негативно.

Најнови вести