петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевска: Пратениците не треба да бидат попривилегирани од граѓаните, треба да работат во Собранието

Петрушевска: Пратениците не треба да бидат попривилегирани од граѓаните, треба да работат во Собранието

Мислам дека онлајн Собрание ја губи примарната функција на самиот законодавен дом, а тоа е претставничката функција и грижата за демократија. Грижата за демократија подразбира дебата“, појасни Марија Петрушевска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Петрушевска додаде дека пратениците не треба да бидат попривилегирани од граѓаните на Република Македонија, односно од работниците кои секојдневно одат во ек на пандемија на своите работни места и ги извршуваат своите работни обврски.

„За жал се уште останува сомнежот дека токму овој предлог решение за онлајн Собрание е извор на политичкиот сооднос внатре во Собранието, односно во рамките на распределбата на мандатите. Од тука апелирам дека секогаш кога станува збор за интересот за граѓаните, за интересот да ја надминеме оваа здравствена но и економска криза ние треба да ги искористиме сите инструменти кои што ни стојат во рамките на Собранието, а се доволни, за да го постигнеме консензусот за да испорачаме резултати“, рече Петрушевска.

Петрушевска посочи дека граѓаните заслужуваат Собрание кое ќе работи за нивни интереси, а не против нивните интереси.

Најнови вести