четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевска: СДСМ ветуваше 50-50 сооднос мажи и жени, за да денес има само 4 жени во Владата

Петрушевска: СДСМ ветуваше 50-50 сооднос мажи и жени, за да денес има само 4 жени во Владата

СДСМ во време на изборите одеше на картата 50-50 мажи и жени, а сега во пракса тоа не е така. Вие имате влада со околу 20 членови од кои што се само 3 или 4 жени, а другото се мажи. А, еден од нивните главни адути доколку се сеќавате беше дека ќе биде 50-50 соодносот на мажи и жени, рече Марија Петрушевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на радио „Лидер“.

Петрушевска додаде дека соодносот на 50-50 мажи и жени е уште една од низата на лагите кои ги ветуваа во текот на изборите, а не остварија.

-Тоа е прашање кое што тие треба да си го уредат во рамките на нивното парламентарно мнозинство. И јас искрено посакувам и навистина ќе се заложиме наредниот период да дискутираме и да имаме напредок кога станува збор за родово буџетирање, кога станува збор за затапеноста на жените и младите во процесот на одлучување, истакна Петрушевска.

Најнови вести