Коалицијата Обнова за Македонија денеска е во Дојран. Драго ни е што можеме да се обратиме од тука заедно со носителот на листата на изборна единица 4 Александар Николоски, изјави Билјана Петрушевска кандидатот за пратеник во ИЕ4 од коалицијата Обнова за Македонија.
Петрушевска ги повика граѓаните на 15 јули да излезат на избори и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова Македонија, односно како што рече таа тоа е гласа за зачувување на државните и националните интереси на Република Македонија.
Денеска во Дојран ќе ја претставиме програмата која што е програма за Обнова на Македонија и да ги повикаме граѓаните да се охрабрат да излезат на овие избори, да гласаат за број 14 затоа што тоа е гласа за зачувување на државните и националните интереси на Република Македонија, вели Петрушевска.