петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Единствена мерка против загадувањето на СДСМ и ДУИ во Куманово е тоа што пред секоја грејна сезона ги ставаат мерните станици надвор од функција

Петрушевски: Единствена мерка против загадувањето на СДСМ и ДУИ во Куманово е тоа што пред секоја грејна сезона ги ставаат мерните станици надвор од функција

Максим Димитриевски и СДСМ на локалните избори ветуваа чист воздух и здрава вода за пиење, а до денес ништо не направија за кумановци на тој план. Дополнително ефектот од коалицијата со зелените ДУИ е никаков, дури уназадувачки, од аспект на заштита на животната средина. Зборуваа дека граѓаните се јасни и сериозни во своите барања и дека одговорно го слушнале и го разбрале крикот на кумановци за чиста животна средина, рече на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Но, како и по обичај, заложбата за чист воздух во Куманово остана само напишана во програмата на Димитриевски и ниту еден проект и ниту една конкретна мерка не се преземени. Чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, а уште погласни беа како опозиција. Но, откако дојдоа на власт, засилени со зелените од ДУИ не спроведоа ниту една посериозна мерка во ова насока. За жал по четири години менаџирање на градот од страна на Максим Димитриевски, СДСМ и зелените ДУИ и потрошени над 7 милијарди денари пари на кумановци, не реализираа ниту еден проект со кој ќе се подобри квалитетот на амбиенталниот воздухот во Куманово. Единствена мерка која Максим Димитриевски, СДСМ и зелените ДУИ ја преземаа за почист воздух, е тоа што секоја година пред почетокот на грејната сезона, мерните станици за загаденоста на воздухот, мистериозно успеваа да ги стават надвор од функција. Жално е што градот никогаш не бил по нечист, диви депонии има на сите страни, а низ центарот на градат тече загадена река. Слики од Куманово се негативен пример по социјалните мрежи и медиуми во државата. Ветените нови зелени површини и паркови никаде ги нема! Максим Димитриевски, СДСМ и зелените ДУИ ќе треба за причините за ваквата катастрофална состојба со екологијата во Куманово најпрвин да ја објаснат пред граѓаните, пред да побараат уште еден мандат од нив и старото лажно ветување за чист воздух во градот, да го заменат со некое ново лажно ветување во некоја нова програма. Се поставува прашањето, зошто Максим Димитриевски, ако навистина толку искрено се грижи за намалување на загаденоста на воздухот, за четири години не спроведе да речеме проект за ваучери за субвенции инвертер клими, како што впрочем направија некои други општини во Република Македонија, или пак да речеме субвенции за купување на велосипеди, како што впрочем ветуваше на изборите? Зошто Димитриевски не иницираше поголема гасификација и ширење на мрежата во градот? Праша Петрушевски.

Тоа дека локалната самоуправа во Куманово и покрај многуте ветувања не ги извршува ниту основните обврски за тековно одржување и чистење на јавно прометните површини во градот, ја покажува токму нивната неспособност и безидејност во спроведувањето на проекти од ваков вид, додаде тој.

Најнови вести