петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Суштината на дебатата околу изборите не е конкретниот датум туку дали изборите ќе бидат во ист ден или пак одделно

Петрушевски: Суштината на дебатата околу изборите не е конкретниот датум туку дали изборите ќе бидат во ист ден или пак одделно

„Суштината на дебатата околу изборите не е конкретниот датум туку дали изборите ќе бидат парламентарните и претседателските во ист ден или пак одделно. И тука е мислам дека е суштината на дебатата. Затоа што нема што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се сложуваат за редовни избори, бидејќи тоа е пропишано во Уставот. Редовни избори секако мора да има“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“.

„До пред само некоја недела премиерот Ковачевски јавно изјавуваше дека претседателските избори ќе бидат во еден термин, парламентарните избори ќе бидат во друг термин“, потсети Петрушевски.

Петрушевски додаде дека би требало изборите да бидат во еден ден, зошто во време на криза не би требало да се трошат многу народни пари.

Петрушевски во текот на емисијата исто така рече дека проблемот во СДСМ е што декларативно седум години се за една изборна единица, а практично не направија ништо околу тоа. И поради тоа нивниот коалиционен партнер Павле Трајанов ги напушти.

„Во собраниска постапка веќе е доставен тој предлог од страна на Павле Трајанов, кој што патем речено излезе од коалицијата со СДСМ токму заради неусвојувањето на овој закон за една изборна единица“, укажа Петрушевски.

Најнови вести