понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пинда за новиот стадион на Беласица: Градот и Македонија ќе бидат горди на него!

Пинда за новиот стадион на Беласица: Градот и Македонија ќе бидат горди на него!

Славчо Васков – Пинда, сопственикот на ФК Беласица, пред медиумите говореше за новиот планиран проект во Струмица, а тоа е доградба на стадионот „Благој Истатов“ кој според најавите ќе добие супер-модерен лик.

Новиот стадион на Беласица ќе остане на старото место, а Пинда вели дека сите ќе бидат горди на новата градба. Истовремено, очекува овој потег да биде мотив за сите спортски работници и сите клубови да почнат со инвестирање во инфрастуктурата.

-Станува збор за еден проект кој треба да биде споменик за Струмица. Проектот е така дизајниран и натправен градот да може да се пофали со него. Стадионот ќе биде по сите УЕФА и ФИФА стандарди, во соработка со ФФМ. Ќе биде доградба на започнатиот проект од времето на Ванчо Таковски. Оваа трибина на која го правиме пресот е постоечка и ќе остане во проектираниот план. На стадионот ќе има и други содржини кои ќе може да ги користат граѓаните и сите спортисти, а исто енергетски ќе биде ефикасен и клубот ќе заработува од работите кои се дел од стадионот и ќе може да се одржува. Во координација сме со УЕФА, чекаме да видиме и нивен одговор дали треба нешто да се додаде во проектот. Потоа ќе започнат преговорите со Општина Струмица и Владата на Република Македонија. Со овој проект може да ги поттикнеме клубовите во сите спортови да инвестираат, изјави Пинда.

Новиот капацитет на стадионот „Благој Истатов“ ќе биде нешто околу 8.000 гледачи.

Најнови вести