вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПИОМ ќе се полни преку зголемување на старосната граница за пензионирање, работниците жртва на политиките на СДСМ?

Дури и кај најголемите подржувачи на СДСМ има разочарување од тоа како Заев ја води државата посебно во делот на економијата. Се гледа дека оваа Влада нема ниту знаење ниту капацитет економски да ја крене Република Македонија. Она што е најчудното во оваа ситуација е одобрувањето на Синдикатот за овие мерки за спас на пензискиот фонд.
ПИОМ ќе се полни преку зголемување на старосната граница за пензионирање, работниците жртва на политиките на СДСМ?

Она што подолго време се зборуваше во јавноста од аспект на зголемување на старосната граница и зголемување на придонесите за пензиско осигурување, почна полека да се остварува. Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев и задава дополнителен удар на македонската економија.

Ако во времето на ВМРО-ДПМНЕ се намалуваа придонесите за пензиско од 21 % на 18 % и зголемување на пензиите се со цел пензионерите да имаат подостоинствен живот, сега тоа не е случај во време на СДСМ. Главните предизборни ветувања што ги даваше Заев на речиси секој митинг во предизборната кампања дека нема да се зголемуваат ниту даноците ниту давачките отидоа во ветер. Целта изгледа му била само како да дојде на власт а не како да ја подобри економијата на државата.

Дури и кај најголемите подржувачи на СДСМ има разочарување од тоа како Заев ја води државата посебно во делот на економијата. Се гледа дека оваа Влада нема ниту знаење ниту капацитет економски да ја крене Република Македонија. Она што е најчудното во оваа ситуација е одобрувањето на Синдикатот за овие мерки за спас на пензискиот фонд. Несогласување со ваквата политика искажа и поранешниот шеф на центарот за Комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски.

Тој вели дека левичарската влада главниот товар го префрла на работниците додека синдикатот да не испадне дека е владин се противи на стапката за придонес на пензии ама дава поддршка за зголемување на старосната граница.

Свој став искажа и новинарката која е еден од најголемите подржувачи на СДСМ, Сашка Цветковска. Таа вели дека ова е производ на сериозна државна стратегија во секое поле, особено економијата и адресирањето на одливот на мозоци и воопшто на луѓе, и порачува дека не треба само влезот на ЕУ и НАТО да бидат приоритет на владата.

Експертите веќе јасно го кажаа својот став дека овие мерки со зголемување на старосната граница ќе биде погубно за македонската економија.

Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи во Македонија вели дека ова не било спомнато во предизборниот период дека пензиско инвалидскиот систем или придонесите ќе се зголемуваат.

-Во пакетот на реформи од минатата влада беше во насока за подобрување на економската политика и деловното опкружување. Нема логика, сега добивме намалување на придонесите а сега треба да вратиме. Треба да испорачуваме поголеми ефекти, поголеми резултатити а не да ги враќаме придобивките. На некој начин тоа е вратено низ повисоките плати низ зголемената минимална плата, при зашитата на безбедност и работа и сет на други мерки, вели Бошков.

Тој вели дека потребно е добро менаџирање како и  треба да се отворат можностите на тие средства за инвестирање за да има еден пазарен ефект.

– Зошто да биде товарот секогаш на работодавачите за да се пополни некоја дупка. Старосната граница е дополнителен товар. На македонската екомономија и на секоја економија и треба млад и иновативен кадар. И сега ние кога ќе остапиме место на оние вработени со повисока старосна граница да останат на работа уште 2-3 години не им оставаме шанса на младите да стекнат вештини ниту практично да се обучат ниту пак да ги заменат, рече Бошков.

Најнови вести