четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Плативе за резил се, а не за фалење“ – Царовска се обиде поразот да го претстави како победа, граѓаните ја разбудија од сонот (ФОТО)

„Плативе за резил се, а не за фалење“ – Царовска се обиде поразот да го претстави како победа, граѓаните ја разбудија од сонот (ФОТО)

„Со новата учебна година сите унапредени наставници во ментори ќе го остварат правото на додаток на плата од околу 3.000 денари, за што веќе се обезбедени средства во буџетот на Министерството за образование и наука.

На овој начин ја вреднуваме нивната посветеност и им овозможуваме професионален напредок и развој“.

Ова на својот Фејсбук профил го објави министерката за образование и наука Мила Царовска. Но, граѓаните со коментари ја разбудија од сонот дека направила нешто добро за наставниот кадар и порачаа дека е срамота да се фали со вакви “достигнувања“.

-Ги охрабрувам наставниците да ги остваруваат своите цели и преку вложениот труд сите заеднички да придонесеме во создавањето на поквалитетно образование, напиша таа на социјалните мрежи.

Сумите кои ги објавува се поразителни, а таа ги претставува како успех. Наставниците се деградирани и понижени, па и нивни коментари можат да се најдат под фалбата на Царовска.

Еве дел од пораките кои граѓаните ги испратија до министерката: 

„Срам да ти е.Во тие пари се пресметани и патните и хранарината и класен час. Со 40 години стаж и работа во тешки услови на село, па и во град што мислиш колку пензија зедов? Ако е толку добро заменете се со наставниците со платите само неколку месеци па да видете како е…. Вие сте насмеани од уво до уво, а ние крв проплукавме од секакви реформи од луѓе што немаат додир со образование. А за менторите партиски послушници, греота и за едните и за другите. Се гледа за кого се борите госпоѓо МИНИСТЕРКЕ“.

„Браво! Наставник зема “цели“ 27.000 денари, а деца образуваат. Одлично, вие кркајте патни трошоци и децава нека гледаат и учат што повеќе се исплати. Одличен пример“.

„Голема плата, немаат каде да ја потрошат, а вие седите како клошари на столици, немаат ниту школа, сите овчари ќе останат во парламент, земаат по 2000 евра, а за 3000 денари на учителите што сте покачиле се радуваат. Срамота е ова“.

„Плативе за резил се, а не за фалење“.

 

 

Најнови вести