сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пленковиќ: Целта на политиката на Владата на Хрватска е поддршка на Македонија и Македонскиот народ на Европскиот пат

Пленковиќ: Целта на политиката на Владата на Хрватска е поддршка на Македонија и Македонскиот народ на Европскиот пат

Македонската православна црква – Охридска архиепископија изгради и освети црква во Хрватска.. Света Злата Мегленска во Загреб е направена е со помош на хрватските власти, објавува Сител.

На осветувањето на црквата присуствуваше и српскиот патријарх Порфириј.

Чинот на осветување го следеше и хрватскиот премиер Пленковиќ, кој рече дека црквата е голема пригода од историски карактер за македонското малцинство во Хрватска.

„Тоа е целта на политиката на Владата на Хрватска, поддршка на Македонија и Македонците и на Европскиот пат и на патот на политичката, економската, културната соработка која ја имаме и е особено важна и се манифестира во сите аспекти“, вели Пленковиќ.

Од македонскиот државен врв присутен беше само директорот на комисијата за верски заедници..

Најголема заслуга за изградба на објектот има пораншениот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ кој преку градското собрание обезбеди градежна дозвола за верскиот објект кој се наоќа во близина на центарот на градот.

Осветувањето на Свети злата мегленска има исклучително значење затоа што тоа е прва црква што МПЦ – ОА ја изгради во канонско подрачје што се води како јурисдикција на Српската православна црква. Нејзината изградба почна кога сегашниот српски патријарх беше загребско-љубљански митрополит, а тогаш остро се противеше на изградбата.

Најнови вести