Прилепските тутунари излегоа на протест блокирајќи го преминот кај Плетвар.
До Нова Година откупот и исплата на тутунот во прилепскиот регион течела нормално за од 1 јануари повеќе да не се откупува, а и оној кој се откупува да се откупува за класа пониско, што значи дека занчително е намалена откупна цена.
Тутунарите побараа да се зголеми откупната цената, сите откупните пунктови да проработат, да се исплаќа за фактичката класа на тутун.
За крај тие побараа да се донесе закон со кој ќе се забрани увозот тутун во Македонија. Во врска со проблемите со кои се соочуваат тие изреагирале до инспекциските служби, но никој не сторил ништо. Еден од тутунарите посочи дека кога сакал да се види со министерот, односно побарал средба тоа не му било дозволено, па го запрашале кој си ти за да се видиш со министерот за земјоделие Трајан Димков.
На прашање на Инфомакс, колкава количина на тутун се увезува и кој ја увезува, тие одговорија не знаат, но она што го знаат е дека нивниот тутун не е откупен, а откупната цена е нереална.
Тие обвинуваат дека данок земјоделците плаќаат два пати, субвенциите се уште не се исплатени, а на оние кои се вработени во администрација, имаат „братучеди“ на високи позиции им оди тутунот добро, сите луѓе кои што се вработени во јавна администрација тие луѓе им оди како прва класа цело производство, а нашето производство не може да оди никако, постои партиска дискриминација и и врски, велат тутунарите.
Тутунот не се откупува по класи туку по луѓе, додаоа земјоделците.
Според техничкиот дополнителен заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновскипричината за ниска увозна цена е увозот на странски ориентален тутун.
Тутунарите најавуваат дека доколку нивните барања не се оствараат ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патиштата