петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По 25 години искуство како јавен обвинител Русковска не знае како се класифицира делото клевета и навреда

По 25 години искуство како јавен обвинител Русковска не знае како се класифицира делото клевета и навреда

Обвинителката Вилма Русковска на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција која скоро цела професионална кариера ја има поминато во правосудството вчера се покажа дека не знае да класифицира обично дело во граѓанска постапка како навреда и клевета.

По низата критики кон обвинителката Русковска во однос на нејзините обвиненија како јавен обвинител, вчера на обвинителката за организиран криминал и беше отфрлена тужбата која таа ја покрена кон ВМРО-ДПМНЕ поради нејзиното појавување во предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на предизборната кампања.

Русковска се налути зошто во спотовите „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“ е прикажана иронично како слуга на СДСМ.

Тужбата на обвинителката во која таа наведе дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, судот можеше да одлучи негативно односно да го усвои ставот на одбраната дека станувало збор за загрозување на слободата на изразување, но наместо тоа судот го отфрли тужбеното барање како неосновано.
Неоснован тужбен навод во книгите по право што се учат на правниот факултет уште во прва година. Законскиот основ за чие дело е побарано оштета од страна на тужителот не е законски основано, или пак потенцијалното сторено дело во случајов „клевета и навреда“ на кој се повикува тужителот не соодејствува со квалификацијата на елементите кои делото треба да ги поседува за да биде „навреда“ или „клевета“.

Ова значи дека треба да се преиспита однесувањето на обвинителката Русковска чим таа се пожали во тужбата дека има сипмптоми на анксиозност кои можат да се одразат на нејзиното работење и постоење на пристрасност при нејзиното постапување.

Дополнително загрижува фактот што обвинителката која има 25 години искуство во правосудството не може да даде во граѓанска постапка основано тужбено барање, зборува за способноста или недостатокот од истата, а можеби и за состојбата во која се наоѓа обвинителката чим не може да разграничува и квалификува кривични дела кои имаат законски основ, а должна е во стојата работа да носи и брани обвиненија за организиран криминал.

Најнови вести