четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПО ДУРИ 5 ДЕНА: МНР конечно се огласи за состојбата на македонските државјани кои се на бродот со корона вирус

По дури 5 дена, МНР конечно се огласи за состојбата на македонските државјани за кои имаше сомнеж дека се заразени со корона вирусот и кои се наоѓаат во карантин на бродот во Јокохама.
ПО ДУРИ 5 ДЕНА: МНР конечно се огласи за состојбата на македонските државјани кои се на бродот со корона вирус

МНР по дури 5 дена конечно се огласи и информираше за состојбата на македонските државјани кои се на крузерот со корона вирус.

Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на брод кој е под карантин закотвен во Јокохама, се членови на екипажот и за среќа се наоѓаат во добра здравствена состојба.

-Информираме дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess”, во Јокохама, Јапонија. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба, се вели во официјалните информации од МНР.

Инаку, крузерот е во карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.

На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж, а досега е утврдено присуство на вирусот кај 130 патници на бродот.

Најнови вести