Вечерва по дванаесетти пат се одржа традиционалната Ораторска вечер Петар Поп Арсов во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.
Овогодинешниот победник е Лина Рангелова, второпласирана е Мартина Стаменкова и третопласирани Мартина Ефремовски.
Претседателот на УМС Велес Стефан Тодевски беше организатор на истата.
УМС ВМРО-ДПМНЕ Велес ги охрабруваат сите млади Македонци да го кренат својот глас за подобра иднина!
– Носењето на одлуки не е само работа на постарите, носењето на одлуки е и наша обврска, но и чин кој не обврзува и учи на одговорност. Силата и визијата е во младите и мораме заедно да ја искористиме, движејќи се по патот кој ни го трасираше Поп Арсов со неговите другари. Да е вечна Македонија! Да е вечна Унијата на Млади сили, посочуваат од УМС Велес.