Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотографии, преку платформата „Телеграм“, објави „А1ОН“.
Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.