Речиси три месеци ниту трага, ниту глас од 39 -годишниот Александар Черговски. Со семејството живее во Берлин, Германија, но на 18 февруари со автобус заминува и патува во домот во Берово. Семејството, блиски роднини и пријатели од пред два дена на социјалните мрежи споделуваат фотографии и апел за помош и информации, дали некој го видел Александар од февруари па до денеска. На камерите на граничниот премин е утврдено дека ја преминал границата и влегол во земјата. Надица Белдедовска блиска роднина на Черговски за Телма вели дека случајот со исчезнувањето на Александар веднаш е пријавен во полиција. Направена е проверка од страна на полициските службеници во куќата и викендицата во Берово и кај пријатели, но не е пронајден.
Берлинската полиција откако бил пријавен дека е изчезнат 39 -годишниот Александар Черговски веднаш извршила вештачење на мобилниот телефон, кој го користел во Германија. Меѓу разговорите не е најдено ништо сомнително, ниту пак можат да им дадат правец, каде да се трага по него.
Но само неколку часови по објавениот прилог на Телма и три месеци по исчезнувањето Александар Черговски, тој стапил во контакт со семејството. Во краток разговор ги информирал дека е здрав и жив, без да им каже каде се наоѓа, ниту каде бил изминатиов период во кој по него трагаше и Интерпол.
Семејсвото им се заблагодари на сите што помогнаа за да стапат во контакт со Александар.