вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По одлуката на Јакимовски, голем број на негативни коментари за потегот во Карпош (ФОТО)

По одлуката на Јакимовски, голем број на негативни коментари за потегот во Карпош (ФОТО)

Одлуката на градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски за излегување од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, предизвика голем револт кај македонските граѓани.

Имено, откако Јакимовски објави дека излегува од коалиција со партијата на Мицкоски, следеа го голем број негативни коментари по ваквиот негов потег.

Ваквиот потег на Јакимовски краткого искоментира и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ко за наводните обвинувања му порача да ги пријави во институциите и му посака успех во политичката кариера.

-Па јас со господинот Јакимовски немам комуникација уште од пред нова година, тогаш еднаш или два пати се видовме да му честитам на тоа што беше избран за градоначалник, ги отфрлам овие навреди, вчудоневиден сум, претпоставувам ако има такви индиции треба да соработува со органите на прогонот и да го пријави, го охрабрувам да го пријави затоа што во спротивно ако не го пријави тоа што го кажува тогаш станува соучесник, нели ја сокрива правдата. Еве јас го охрабрувам тоа да го стори веднаш таму каде што тој еве како искусен човек и политичар мисли дека треба да го стори дали во обвинителството дали во МВР јас стојам тука на располагање сум ако има било какви такви индиции во спротивно за жал тогаш ќе прикрива кривично дело, затоа што обвинувањето е многу големо и сериозно. А што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор. Бидејќи како што го слушнав во изјават тој вели дека некој му вршел тортура,изживување и не знам уште што се не кажа а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера, нагласи Мицкоски.

Во продолжение дел од коментарите на граѓаните кои што се разочарани од потегот на Јакимовски:

Најнови вести