недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По пауза по две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“

По пауза по две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“

По пауза по две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“.

Организаторите преку Фејсбук статус особено му се заблагодарија на градоначалникот Јован Тозиевски како и на здружението „Преспа Бајк“.

⏩️Благодарение на Општина Ресен и градоначалникот г-н Јован Тозиевски, како и на здружението “Преспа Бајк”, после пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото- „Ајде шана мана под Галичица“.

👉Оваа година бројно учество на сите настани и интерес за новите и интересени содржини како:
▪️ноќната трка низа градот Ресен (Ресен трчаТ) во должина од 5км и
▪️летање со параглајдер т.е спуштање од височините на убавата и живописна Галичица.

👉Не изостанаа и традиционалните дисциплини:
▪️планинарењето до највисокиот врв “Магара”,
▪️велосипедската тура која стартуваше од плоштадот Цар Самоил па сè до височините на Галичица и
▪️рекреативна тура Стење-Коњско и посета на Змиски Остров со чунки.

✅️Ресен и Преспа овие денови се промовираа како одлично место за OUTDOOR случувања и развој на адреналинскиот и езерски туризам, зачинето со многу забава, дружење, авантури…

👋Се гледаме в година со нова енергија, нови содржини и уште поголема масовност‼️

Најнови вести