сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По примерот на целиот свет: Супер херои во новогодишна посета на децата од клиниката за детски болести (ФОТО)

По примерот на целиот свет: Супер херои во новогодишна посета на децата од клиниката за детски болести (ФОТО)

Вчера тимот од Црвен крст на град Скопје, преправени во Суперхероите претпразнично ги посетија хоспитализираните деца на Клиниката за детски болести на сите оддели. Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови, тие измамија бесценети насмевки кај децата.

Тимот ја изведе вежбата спуштање по јаже. Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.

„По втор пат се организира вежба со супер хероите, лани исто ова време и сега, целта е да им се олесни и разубави престојот на децата во клиника.“ – вели Кристина Георгиевска од организацијата Црвен крст – Скопје.

Најнови вести