недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По скандалозното „Секој има право да умре“, д-р Караџов со нова изјава

По скандалозното „Секој има право да умре“, д-р Караџов со нова изјава

Шеесет и едногодишна жена починала во недела на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството.

Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија, Зоран Караџов, за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.

-Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре, рече Караџов, за НОВА.

По оваа негова скандалозна изјава, кој предизвика бурни реакции кај граѓаните, Караџов денеска преку соопштение изрази жалење за случајот со оперираната пациентка која почина на КАРИЛ.

-Одговорно тврдам дека нашиот тим презеде се што беше неопходно и го вложивме целиот наш потенцијал со цел пружање соодветен третман за оваа пациентка. Ние како хирурзи секојдневно се бориме за животот на пациентите, во случаи кога и секундите значат живот и во таа смисла изјавата која вчера ја пренесоа дел од медиумите беше погрешно протолкуван избор на зборови, токму во моменти кога со тимот се справувавме со најтешко болните пациенти на клиниката, кои се нашиот главен приоритет, стои во соопштението.

Посочува дека како Клиника стојат на располагање и се отворени за соработка со сите надлежни институции.

Најнови вести