четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По смртта на Влатко Илиевски, кој ќе биде водител на „Златно славејче“?

По смртта на Влатко Илиевски, кој ќе биде водител на „Златно славејче“?

Популарниот актер на театар „Комедија“ Атанас Атанасовски најверојатно ќе биде новиот водител на најстариот македонски детски фестивал „Златно славејче“, пишува „Женски магазин“.

Според пишувањата на порталот, се очекува само да се усогласи со некои термини во неговиот матичен театар.

Атанасовски ќе го замени актерот и печај Влатко Илиевски кој летово ненадејно почина.

По 48. пат, од 16 до 19 ноември ќе се одржува најстариот македонски детски фестивал „Златно славејче“ кој годинава ќе се одржи  во Македонската филхармонија.

Најнови вести