петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По веста дека починал, се огласи Амди Бајрам: Политичарот демантира во свој стил, го спомна и Чак Норис

По веста дека починал, се огласи Амди Бајрам: Политичарот демантира во свој стил, го спомна и Чак Норис

Денеска на Твитер кружи информација дека починал Амди Бајрам, долгогодишен пратеник и лидер на политичка партија. За среќа, таа информација не е точна, па политичарот истата ја демантираше.

-Жив и здрав сум, си седам во штабот. Веста дека сум починал, која се прошири на социјалните мрежи, не знам кој ја иницирал прв, само зборува за него каква личност е. Ако, свикнат сум јас на се, вредам, па затоа и вакви ниски удари има врз мене. Го умираа и Чак Норис, го умреа пред некој месец и градоначалникот на Чешиново – Облешево кога беше инфициран од коронавирус. Значи, само во нашата земја има ситуации кога човек треба да демантира дека умрел. Срамота! – во телефонски разговор за „Фокус” изјави Амди Бајрам.

Најнови вести