петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По жестоките притисоци од јавноста, Филипче се предомисли: Ако сакате промена на полот, ќе си ја платите сами

По жестоките притисоци од јавноста, Филипче се предомисли: Ако сакате промена на полот, ќе си ја платите сами

Министерството за здравство доцна вечерва испрати соопштение во кое тврди дека  „оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“.

Ова соопштение дојде по лавината реакции во јавноста, а само неколку часа откако министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега.

Јавноста и медиумите се кренаа на нозе предочувајќи му на Филипче дека има многу поприоритетни работи отколку да финансира промена на полот.

Дечиња кои не можат да се лекуваат во земјава молат кај хуманите граѓани за парична помош. Наместо со соодветна здравствена заштита во земјава, тие преживуваат со помош на СМС пораки.

Дали Филипче парите кои ги планираше за промена на полот ќе ги пренасочи кон оние на кои најмногу им се потребни или истите ќе завршат во нечии џебови, останува да видиме.

 

 

Најнови вести