четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почесна артилериска стрелба по повод денот на независноста на Македонија

Почесна артилериска стрелба по повод денот на независноста на Македонија

По повод 8 – Септември, денот на независноста на Македонија, утре во касарната „Илинден ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека во 16 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм).

Вечерта на 7 септември во време од 18:30 до 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија хаубица 105 мм.

Најнови вести