петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина Гоце Андоновски, пратеник во првиот состав на Собранието

Почина Гоце Андоновски, пратеник во првиот состав на Собранието

На 77-годишна возраст, почина поранешниот пратеник Гоце Андоновски.

Андоновски беше избран за пратеник од Ресен на првите повеќепартиски избори во земјава во 1990 година и беше на функцијата до крајот на мандатот на првиот состав на Собранието во 1994 година.

Беше избран за пратеник како кандидат на СДСМ, тогашен СКМ – ПДП.

Андоновски е роден 1946 година во село Царев Двор, Ресенско, а по професија е лекар-специјалист.  (МИА)

Најнови вести