На 63 годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и поранешен генерален директор на Македонската радиотелевизија, Гордана Стошиќ.
Стошиќ беше дел од Националната телевизија како репортер, а подоцна и како водител и уредник на вести. Одреден период беше раководител на телевизијата А1, за потоа да се врати во МРТВ на позицијата генерален директор.
Краткотрајно, беше и директорка на скопската телевизија Скај нет.