Доцна синоќа на 50 годишна возраст, ненадејно почина Сашо Михајловски, вработен во телевизија АЛФА, пренесува телевизијата.
Сашо долги години беше вработен во АЛФА, уште од нејзиното формирање, а беше претседател на синдикалната организација.
Со ненадејната смрт на Сашо телевизијата не изгуби само работник, туку голем другар, колега, пријател, соборец…
Искрено сочувство од колегите до семејството и неговите блиски.
Погребот е во среда во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.