Синоќа на 53 години од својот живот ненадејно почина докторот Томе Лазарев. Познатиот струмички стоматолог Томе Лазарев беше активен во политичкиот и општествен живот на Струмица. Извршувал повеќе значајни функции како директор на Општа болница Струмица, Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Струмица во периодот 2007-2009 година, а во периодот 2009- 2013 беше советник во Советот на Општина Струмица. Томе Лазаров е татко на две деца.
Почитуваниот лекар, пријател и сограѓанин ќе биде погребан денеска во 14 часот во Струмица, пренесува Струмица денес.